ОГЛАСНА ТАБЛА



Поради настанатата ситуација со вирусот COVID 19 но и како следбеници на иновации учебната 2020/21 ја стартуваме онлајн. Позитивни придобивки од онлајн едукацијата се како прво безбедноста и удобноста затоа што се наоѓате дома за време на часот, заштеда на време, можете вашиот час да го снимате и да го гледате во било кое време и да бидете во контакт со Центарот преку целиот ден во случај на тешкотии при вежбање. Уписите се во тек и бројот на ученици ни е строго ограничен поради индивидуалната настава и разноликиот училишен распоред во училиштата на нашите ученици. Можете да се пријавите и информирате повеќе на 077 487 122.




На 12.05.2018 се одржа вториот натпревар за гитара на државно ниво на кој зедоа учество 25 ученика од југоисточниот дел на Р. Македонија. 



УПИСИ!



 

 

Центарот ова лето организира БЕСПЛАТЕН курс за компонирање авторски песни. На овој курс учениците ќе имаат можност да стекнат квалитетно теоретско музичко знаење и пракса како да креираат комплетна песна со текст мелодија и акустичен аражман и истата ќе имаат можност да ја презентираат на завршниот фестивал за авторски песни кој ќе се одржи во септември на кој ќе можат да се стекнат со награди и признанија. Не пропуштајте ова лето да си подарите нешто несекојдневно и единствено. Вториот рок за пријавување е до 20 јуни.Можете да се пријавите на 077 487 122 или 071 251 251. Целиот овој настан е финансиски поддржан од Општина Струмица. ПОБРЗАЈТЕ!

 



На 09.09.2016 се одржа солистички концерт насловен ВЕЧЕР НА АВТОРСКАТА ПЕСНА каде три ученички од Центарот искомпонираа по 3 свои авторски песни и истите ги презентираа. Ученичките официјално на тој концерт имаа промоција на нивниот прв демо албум кој беше достапен за публиката. 


Од 22.08.2016 до 15.09.2016 започнуваат уписите за учебната 2016/17 во Центарот за гитара. Инструменти на кои учениците можат да се запишат се гитара, укулеле, мандолина, виолина, пијано, хармоника, саксофон, флејта, обоа и соло пеење. Пријавувањето се врши преку телефон а уписот е директно во Центарот од понеделник до петок од 11 00 до 15 00 часот. 





Од 1.2.2016 стартува кампањата ЕДУКАЦИЈА ЗА СЕКОЈ УЧЕНИК. Кампањата е составена од неколку проекти а тоа се СЛОБОДНАТА ЕДУКАЦИЈА, ФОРМИРАЊЕТО ВЕЖБАЛНА ПРОСТОРИЈА ВО ЦЕНТАРОТ, РАБОТИЛНИЦИТЕ, СЕМИНАРИТЕ и НАТПРЕВАРИТЕ.

 

          Слободната едукација се однесува на можноста ученикот сам да одлучи колку часови ќе има неделно и со кое времетраење ќе бидат со цел да се овозможи едукација за секој ученик. Во овој тип на едукација часовите од 30 минути ќе се наплаќаат 100 денари, од 45 минути 150 денари а од 60 минути 200 денари. Па според тоа месечната рата ќе изнесува по желба на ученикот и родителите а целосната едукација ќе остане непроменета 1500 денари месечно каде се добиваат 8 часа од 60 минути. 

          Формирањето на вежбална просторија во Центарот ќе им олесни на учениците без инструмент да бидат во континуитет со вежбањето и материјата. Закажувањето термин за вежбање е бесплатно.

          Работилниците се формираа со цел учениците да стекнат повеќе знаења дополнително од часовите и се бесплатни.

          Семинарите се воведоа учениците да имаат можност да се усовршат преку едукација од друг реномиран професор.

          Натпреварите се воведоа за докажување и промоција на секој успешен ученик како и за размена на искуства со други ученици.

 

Со оваа кампања Центарот за гитара и музичка едукација EDU GUITAR излезе во пресрет на сите ученици кои имаат желба за музичка едукација посебно за гитара.


Од 1.11.2015 година стартува кампањата EDU GUITAR СЕ ГРИЖИ ЗА МОЈОТ НАПРЕДОК СО ГИТАРАТА И МУЗИКАТА. Проекти кои се воведоа во оваа кампања се БЕСПЛАТЕН ПРОБЕН ЧАС, ЕДУКАТИВЕН КВИЗ, КОНЦЕРТИ, ГРУПНА ЕДУКАЦИЈА и МУЗИЧКИ БЕНДОВИ.

          Бесплатниот пробен час се воведе со цел ученикот да искуси и проба дел од едукацијата која се одвива во Центарот без да се запише и да донесе вистинска одлука дали да се запише.

          Едукативниот квиз се воведе за мотивација, дружење, забава и пред се квалитетно тестирање на знаењата стекнати од едукацијата. Едукативниот квиз е некласично тестирање и ќе се одржува на тромесечјето од секое полугодие. Со овој квиз учениците имаат увид за нивните знаења и можат да се стекнат со пофалница доколку се одговорат без грешка.

          Концертите за еден музичар се многу важни. Преку концертите се стекнуваат најдобрите искуства и исто така концертот е силна мотивација за работа со инструментот.

          Групната едукација е многу ефикасна за развитокот на музичкиот центар односно слухот и ритмиката. Со овој тип на едукација учениците полесно се осамостојуваат, полесно увидуваат до каде се и часот е позабавен. Научуваат како да работат во тим, 

          Музичките бендови се плод на успешните групи. Учениците кои свираат во иста група можат да си создадат бенд и уште подлабоко да нурнат во музиката чувствувајќи се мотивирано. Со овој проект се зголемува промоцијата на талентираните ученици.